Бизарно: Летонскиот кошаркар самоубиството го најавил - на профилот на сопругата!

Веста за смртта на латвискиот кошаркар, Јанис Тима, утринава го потресе кошаркарскиот свет утрово, откако според првичните информации стана јасно дека наводно извршил самоубиство во еден хостел во Москва.

Како потврда на овие сомнежи, се појави коментар на Инстаграм-профилот на неговата поранешна сопруга, поп-ѕвездата Ана Седокова. Во коментарот, Тима вчера го оставил својот датум на раѓање, како и наводниот датум на смртта. Покрај тоа, во близина на неговото тело бил пронајден телефон на кој стоел бројот на Ана Седокова, со порака: „Јавете ѝ се на Ана“.

Се шпекулира дека Тима се одлучил на овој чин поради разводот од Седокова. Неколку часа по трагедијата, Ана се огласи со јавен апел.

„Знаете, никогаш не сум разбрала како луѓето можат да објавуваат ‘сториња’ во вакви моменти. Сега многу ве молам. Имам дете, мало е и не треба да дознае ништо за ова. Живеев во пекол последните неколку години и само сакам да го заштитам моето дете од оваа информација“, напиша пејачката.

Тима имаше 32 години и остави значајна трага во европската кошарка. Во текот на кариерата играше за клубови како Рига, Лијепајас, Вентспилс, Зенит, Химки, Басконија и Олимпијакос. Подоцна настапуваше за Дарушафака, како и за Умакао Грисес во Порторико, Обрадорио и Лејкленд Меџик, развојниот тим на НБА.