Роналдо влегува во функционерски води - се кандидира за претседател на Фудбалската федерација

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио да Лима ја објави својата кандидатура за претседател на Фудбалската федерација на Бразил.

Во моментов тој е сопственик на шпанскиот прволигаш Ваљадолид, но не крие дека најголем предизвик му е да ја води националната федерација во својата татковина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ronaldo (@ronaldo)

„Имам стотици мотиви, но најважно е да го вратам респектот кон бразилскиот фудбал на светско ниво“, објави Феноменот.

Во својата кариера, Роналдо играше за Реал, Барселона, Интер и Милан и има две Златни топки. Со бразилската репрезентација освои две титули на светските првенства, во 1994 и 2002 година.