Бивш фудбалер на Јувентус се пензионира: Морав повторно да учам како се оди и зборува!

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Симоне Мураторе објави дека ја завршува кариерата откако се излекува од редок вид на тубор на мозокот, кој му беше откриен пред три години.

Италијанскиот фудбалер ја помина академијата на Јувентус, а стигна и до првиот тим на поранешниот шампион, по што играше за Аталанта и уште неколку екипи, меѓутоа поради болеста се повлече од теренот.

„Зад мене се денови, месеци и години страдање. Морав повторно да учам да зборувам, одам, трчам и читам. Некогаш ми е тешко да станам од кревет. Се трудев да ја продолжам кариерата, но повеќе не сум ист како порано. Затоа решив да ја завршам кариерата“, кажа Мураторе.