
Тешко на Грците: Без алкохол и групно навивање на фајналфор-турнирот во Абу Даби!
Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) важат специфични закони кои се разликуваат од европските стандарди. Консумацијата на алкохол на јавни површини, како улици и паркови, е строго забранета. Алкохол може да се набави и консумира само во овластени хотели и ресторани. За прекршителите се предвидени високи парични казни или затвор. Организирано движење на навивачи кон арената, како што е популарниот навивачки кортео, нема да биде дозволено. Властите во Абу Даби сметаат дека ваквиот начин на поддршка може да предизвика нарушување на јавниот ред и мир, па секое гласно или групно навивање на улиците може да биде санкционирано.
Исто така, забрането е носење, поседување или користење дрога – без никаква толеранција. Дури и најмала количина може да доведе до минимум три месеци затвор и парична казна до 25.000 евра, додека максималната казна изнесува две години затвор. Забрането е и лепење налепници на јавна имот, како ѕидови или семафори. Дофрлување кон жени, па дури и едноставно свиркање, може да биде причина за полициска интервенција. Иако ОАЕ се сметаат за најлиберална држава во арапскиот свет кога станува збор за облекување и понатаму постојат ограничувања. Жените не се обврзани да носат марами, освен при учество на јавни церемонии, но секое непримерно сексуално однесување може да резултира со затворска казна до шест месеци.
Љубителите на кошарката на теренот ќе имаат можност да ги проследат дуелите меѓу Панатинаикос, Олимпијакос, Фенербахче и Монако – четирите тима кои ќе се борат за европската круна. Очекувањата се дека ќе има возбудувања и на трибините, но организаторите повикуваат на дисциплина и почитување на локалните закони.
ФОТО: EPA PHOTO