Спектакл во Белград: Црвено-бела рапсодија – „кралевите“ прегазени!

Кошаркарите на Црвена Звезда се разиграа по заминувањето на грчкиот стратег Јанис Сферопулос, а тоа најдобро го почувствува шпанскиот гигант Реал Мадрид кој загуби во белградска арена со 75-90.

„Кралевите“ имаа подобар старт на натпреварот и водство од 25-20 по првата четвртина, но работтие драстично се променија до крајот на првото полувреме кога „црвено-белите“ успеаја да направат целосен пресврт (43-39).

Црвена Звезда продолжи со доминацијата и во второто полувреме и поведе со 67-53, додека предноста во еден момент достигна и +18 (83-65), по што „кралевите“ до крајот на дуелот успеаја да намалат на 75-90

Најефикасен во редовите на српската екипа беше Коди Милер-Макинтајер со 18 поени, осум скокови и осум асистенции, додека на спротивната страна Океке запиша 16 поени, осум скокови и три асистенции.

Српскиот гигант по пет одиграни кола има три победи и два порази во Евролигата, исто колку и Реал Мадрид.

Фото: EPA