Скандал во Италија: Теодосиќ се степа со навивачите! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милано триумфираа против Виртус Болоња со 79-76, а по натпреварот се случи вистински скандал кога Милош Теодосиќ се степа со навивачите.

Теодосиќ имаше шанса да го израдува својот тим и да го врати во игра, но промаши удар за три поени во завршницата, а потоа почнаа провокациите кон него.

На снимката која се појави на социјалните мрежи може да се забележи како Србинот удри еден навивач, а потоа нападна уште еден кој беше во близина.