Швед постигна 23 поени, но Химки загуби од Барселона

Барселона славеше против Химки на гостински терен со 87-75, додека Анадолу Ефес со потешкотии ја совлада Алба Берлин со 84-76.

Каталонскиот гигант налета на цврст отпор во првата четвртина (26-26), но успеа да го добие првото полувреме со 54-48.

Во вториот дел Барселона ја зголеми предноста на 73-60, по што без многу проблеми одигра мирно до крајот и триумфираше со 87-75.

Швед беше најефикасен со 23 постигнати поени кај Химки додека Хигинс за Барселона постигна 18 поени.

Алба Берлин го доби првото полувреме со 44-36, но во вториот дел Анадолу Ефес се разбуди и направи огромен пресврт, откако ја доби третата четвртина со 26-9, па до крајот го одржуваше резултатот (84-76).