Победничката серија на Реал заврши во Париз

Поранешниот европски шампион Реал го доживеа првиот пораз во Евролигата во 2026 година.

„Кралевите“ вечерва гостуваа во Париз, во првиот меч од 25. коло на елитното натпреварување и загубија од истоимениот тим со 92-98. Со тоа е ставен крајот на нивната серија од пет победи кое ги однесе до делба н третото место на табелата.

Париз го диктираше темпото речиси цел натпревар, ов последниот период водеше и со осум разлика, но Реал со серија од 8-0 направи пресврт и поведе со 90-89 на околу две минути пред крајот. Сепак, Париз одговори со пет поени по ред и потоа одбрани неколку напади кои му донесоа победа, прва по три порази во низа.