Реал Мадрид ја излуде Барселона и со пресврт стигна до финалето!

Реал Мадрид му се придружи на Олимпијакос во финалето на Евролигата со слатка во „Ел класико“ против Барселона и тоа на сладок начин, со пресврт во второто полувреме, за конечни 78-66.

Негативата на Реал не беше голема, губеше најмногу со осум разлика, но во второто полувреме целосно ја деморализира Барса и го запре нејзиниот напад.

Во тртиот период направи серија од 13-0 со која поведе 54-47, а ако постигнатите 13 поени во тој дел од мечот беа лоши, тогаш Барселона западна во уште потешка трагедија во четвртиот квартал, каде што постигна само 11 коша. Реал го доби второто полувреме со 42-23 и заслужено избори финале.

Барселона се мачеше со шутот, особено за два поена, бележејќи прецизност од 33 отсто, но и очајна реализација на слободни удари, четири од 11. Во таквото шутерско мачење, Абринес со 16 поени беше најефикасен, додека Таварес беше незапирлив во реаловиот табор со 20 коша и 15 скока, а Хезоња додаде 14 поени плус девет скока.

Претходно, Олимпијакос го декласира Монако со 76-62, па во финалето в недела од 19 часот ќе се пресмета со Реал. „Кралскиот клуб“ ќе игра во рекордното 20. финале, во обид за 11. титула, додека Грците деветти пат ќе играат во меч за пехарот, со надеж дека ќе донесат четврти во Пиреја.