![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/07/247994-obradovikj-prvpat-se-najde-ochi-vo-ochi-so-chovekot-koj-go-predade-vo-atina.jpg?itok=IgxxGlQk)
Обрадовиќ првпат се најде „очи во очи“ со човекот кој го предаде во Атина!
Ова беше прв меѓусебен дуел како тренери на два клуба, а вниманието беше насочено кон тоа дали некогашните соработници ќе ја закопаат „воената секира“. На крајот, тоа и се случи – двајцата стратези се поздравија пред почетокот на мечот. Нетрпеливоста меѓу нив започна во 2010 година, кога Спанулис премина од Панатинаикос во Олимпијакос, што Обрадовиќ никогаш не му прости. Иако заедно ја освоија титулата во Евролигата со Панатинаикос во 2009 година, нивниот однос се влоши по трансферот. Од тогаш не комуницираа и не се ракуваа, дури и кога се сретнаа во ОАКА арената пред две години.
Со овој гест, старите ривали можеби конечно ја оставија зад себе долгогодишната нетрпеливост, што беше еден од најголемите кошаркарски антагонизам во последните две децении.