Милутинов ги извиси Олимпија и ПАО и потпиша нов договор со Олимпијакос

Српскиот центар Никола Милутинов најмалку уште две сезони ќе биде член на Олимпијакос откако денеска го продолжи договорот со новиот грчки шампион.

Тој го продолжи договорот на уште 2+1 година за вкупна сума од 7 милиони евра, односно по 2,33 милиони по сезона. Со тоа ги извиси Олимпија Милано и Панатинаикос кои последните две недели покажаа интерес за него, па дури се шпекулираше дека има преддоговор со италијанскиот тим.

Милутинов беше еден од најзаслужните што Олимпијакос ја врати доминацијата во грчкото првенство. Во финалната серија, во која неговиот тим славеше со 3-1, тој просечно постигнуваше по 14 поени и 7,5 скока со индекс 24.