Магична асистенција на Теодосиќ која ја воодушеви Италија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Виртус ја запишаа четвртата победа по ред во италијанскиот шампионат, откако нивна најнова жртва беше Песаро со 94-79.

Во центар на внимание беше српскиот кошаркар Милош Теодосиќ кој постигна осум поени, а една негова асистенција од кош до кош кон Џампаоло Рики беше најатрактивен потег на мечот.