Луис Скола е назначен за директор на Варезе
Тој одигра 28 натпревари за овој тим и имаше просек од 17,8 поени и тоа на 41 годишна возраст.
„Варезе со гордост најавува нов член во Управниот одбор на тимот, Луис Скола и тоа во улога на главен извршен директор“, стои во соопштението на италијанскиот состав.
Официјалната промоција на Скола е закажана на 22 септември на прес-конференција.
Аргентинецот зад себе има неверојатна кошаркарска кариера, а за прв пат се прослави во тимот на Баскониа или порано познат како Тау Керамика. Потоа цели 10 сезони играше во НБА-лигата во тимовите на Хјустон, Феникс, Индијана, Торонто и Бруклин. Потоа две сезони беше во Кина, во Италија играше за Олимпија Милано и лани за Варезе.
Со репрезентацијата на „гаучосите“ имаше неверојатни успеси освојувајќи го златниот медал на Олимписките игри во 2004 година, а во Пекинг четири години подоцна бронзата. На Светските првенства има две сребрени медали со Аргентина и тоа во 2002 и 2019 година.