Ледеј конечно пристигна во Белград, Партизан ќе биде комплетен

Крилниот центар на Партизан, Зек Ледеј вечерва пристигна во Белград. Кошаркарот од Тексас по две недели се враќа во стројот.

На 15. март директно од Барселона, Ледеј отпатува во родниот Далас, причината беше смртен случај во неговото семејство, почина татко му. 

Американскиот кошаркар ги пропушти мечевите со Басконија и Реал Мадрид. Требаше да пристигне вчера, но поради проблеми со летовите дури вечерва е во Белград.

Партизен утре (четврток) игра дома против Олимпијакос, меч кој е исклучително значаен во борбата за 10. место и пласман на плеј-ин турнирот во Евролигата.

„Ситуацијата е таква дека тој е известен дека во вторник наутро требаше да се појави на тренинг, но не дојде. Мислам дека имаше некои проблеми со летовите, но тоа е работа на луѓето од клубот, не е моја“, рече денеска Обрадовиќ.

Со оглед на двонеделното отсуство, нејасно е дали Ледеј ќе биде подготвен за утрешниот меч против Олимпијакос.