И Аврамовиќ на излезна врата од Партизан

По Кевин Пантер и Зек Ледеј, српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ би можел да биде следниот кој официјално ќе го напушти тимот на Партизан.

Српските медиуми денеска објавуваат дека искусниот плејмејкер има понуда од Париз каде се очекува наскоро за тренер да биде претставен неговиот сонародник Петар Божиќ. Тоа значи дека Аврамовиќ би можел да му биде соиграч на Ти Џеј Шортс во првиот настап на Париз во Евролигата.

Од клубот уште нема официјална информација, а медиумите во Србија тврдат дека пред трансфер е и центарот Ален Смаилагиќ.