Инцидент во Штутгарт: Тројца навивачи се избодени со нож!

Голем инцидент се случил во фан зоната во Штутгарт за време на мечот од Европското првенство меѓу Турција и Грузија, едно лице повредило три други откако ги нападнало со нож.

„Билд“ пренесува дека 25-годишен Сириец со нож нападнал тројца мажи во Штутгарт. Меѓу повредените има еден Германец (19) и двајца Турци (38 и 60 години). Помладиот Турчин бил потешко повреден, но веќе не е во животна опасност.

Сирискиот државјанин брзо бил уапсен, за него се собрани доволен број на доказни, вклучително и видео снимки.

„Се слушна звук кој звучеше како истрел. Сите се стрчаа кон излезот. Некои се судираа, но за среќа никој не падна и не беше повреден, можеше да биде посериозно“, изјавил сведок за „Билд“.

Фан зоната во Штутгарт повторно ќе биде отворена и покрај инцидентот. Градоначалникот Френк Нопер вети дека ќе се зголеми безбедноста.