Јунајтед тргна во акција, прва желба - швајцарската сензација

Манчестер Јунајтед се уште не донел ниедно засилување за идната сезона бидејќи до пред недела-две, главно прашање беше дали Ерик Тен Хаг ќе остане на менаџерската позиција во тимот.

Откако тоа е решено, прва желба на раководството на клубот е швајцарскиот репрезентативец Дан Ндоје кој игра одлично на Европското првенство. Крилниот фудбалер има 23 години и е член на Болоња, а познат му е на новиот ко-сопственик на Јунајтед, Ретклиф затоа што настапуваше за Ница, клуб кој исто така е во сопственост на неговата компанија ИНЕОС.

Моменталната вредност на Ндоје се проценува на 14 милиони евра што не би претставувал никаков проблем за Јунајтед, но прашање е дали за таа сума Болоња би го пуштила да си замине, особено ако се знае дека ѝ претстои историски настап во Лигата на шампионите.