Пабло Ласо неочекувано си замина од Баерн Минхен!

Големиот шпански кошаркарски стратег, Пабло Ласо по само една сезона го напушта Баерн Минхен поради семејни причини.

Ласо минатата сезона го предводеше Баерн Минхен до двојната круна во Германија, имаше договор до летото 2025 година, но неочекувано порано замина. Причината е семејна.

„Личната одлука на Пабло дојде како изненадување за нас, но ние го почитуваме многу како тренер и како личност и сакаме да му се заблагодариме за работата и големата посветеност во изминатата сезона. Му посакуваме се најдобро во иднина и тој секогаш ќе биде поврзан со нас, не само поради двојната круна“, изјавија од Баерн Минхен.