Леброн успеа - го донесе својот син во Лејкерс, но со закани

Синот на Леброн Џејмс, Брони е избран како 55. пик на НБА драфтот, но целата ситуација околу него ја следеа низа контроверзи.

Неговиот агент Рич Пол на сите клубови, освен Лејкерс и Феникс, им испрати порака да не го бираат Брони и ги предупреди дека ако го направат тоа, идната сезона тој ќе замине да игра во Австралија. Познато беше дека Лејкерс ќе бираат како 55. и тоа место беше резервирано за најславниот син-кошаркар во моментов.

Со ова, Леброн ќе си ја исполни својата желба да заигра со Брони што ќе биде прв случај татко и син да настапат во ист тим, но во неговата кариера ќе остане дамка поради начинот на кој го направи тоа. Можеби суперѕвездата на Лејкерс е одличен кошаркар, но неговиот син е далеку од тоа, висок е само 186 сантиметри, а лани му беше констатирана и аномалија на срцето поради што паузираше извесен период и неговата доведена во прашање.

Втората рунда од НБА драфтот се одржа синоќа и на неа без избрани кошаркари од 31. до 58. пик.