Конечно добри вести за Англија - се враќа Лук Шо

Англија в недела во Гелзеникирхен се среќава со Словачка во осминафиналето од Европското првенство, а во тимот се очекува да се врати еден од најзначајните играчи Лук Шо.

Тој ги пропушти сите натпревари од групната фаза бидејќи не беше доволно подготвен за настап поради проблеми со задната ложа која го одвои од терените уште од февруари. Се чини дека проблемите се надминати и селекторот Герет Саутгејт ќе може да смета на него за претстојниот натпревар.

На местото на Шо, во првите три меча од првенството беше Киран Трипие. Не е исклучено тој да биде стартер и против Словачка, но се очекува Шо да добие минутажа барем во второто полувреме. Англија не беше убедлива во првата фаза од Европското првенство и обезбеди пласман во осминафиналето со една победа и два нерешени резултати, но и натаму е прв фаворит за титулата.