Крај на шпекулациите: Ферстапен останува во Ред Бул и идната сезона

Тројниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен стави крај на нагаѓањата во врска со неговата иднина и објави дека останува во тимот на Ред Бул и идната сезона.

На конференцијата за новинари, во пресрет на Голената награда на Австрија, три пати му беше поставено прашањето каде ќе вози во 2025 за на крајот да потврди дека тоа ќе биде неговиот досегашен тим.

„Во ред, да. Веќе работиме на болидот за идната сезона, а кога сте фокусирани на тоа, значи и дека ќе возите за тој тим“, изјави Ферстапен.

Тој има договор со Ред Бул до 2028 година, но многу шпекулации отвори испразнетото место во Мерцедес по најавеното заминување на Луис Хамилтон. Капак на се беше изјавата на германскиот тим Тото Волф дека би сакал да го има Ферстапен во тимот.