Голем проблем за Ц. Звезда: Теодосиќ наместо во Мадрид заврши во – болница!

Кошаркарите на Црвена звезда утре вечер ќе му гостуваат на Реал Мадрид во меч од 32. коло од Евролигата, на кој ќе настапи без ниту еден плејмејкер бидејќи Милош Теодосиќ заврши во болница, соопшти Црвена звезда.

Црвено-белите претходно знаеја дека нема да можат да сметаат на Јаго Дос Сантос, Никола Топиќ и на Треј Томпкинс, но во последен момент на списокот на повредени играчи се приклучи уште едно име.

„На последниот тренинг пред патувањето на тимот во Мадрид, нашиот плејмејкер почувствува непријатност и мачнина, па по превентивните прегледи во болницата, кои утврдија дека не станува збор за сериозен проблем, беше одлучено превентивно да остане во Белград. “, се вели во соопштението на Звезда.

Црвено-белите тврдат дека ветеранот ќе биде подготвен за следниот натпревар против Студентскиот центар од АБА2-лигата, закажан за в понеделник од 18 часот.