Баер Леверкузен е неуништив - пак избегна пораз со гол во судиското продолжение (ВИДЕО)

Којзнае кој пат оваа сезона, екипата на Баер Леверкузен се спаси од пораз со гол постигнат длабоко во судиското продолжение.

Против Штутгарт на домашен терен, новиот шампион на Германија одигра нерешено (2-2) што е 46. меч во низа без пораз за него оваа сезона. Голот за израмнување го постигна Роберт Андрих во 97. минута кој најдобро се снајде во една мешаница во противничкиот шеснаесетник.

Штутгарт водеше и со 2-0 на овој натпревар, со головите на Крис Финрих и Дениз Ундав во посчетните 12 минути од второто полувреме. Намали Адли, а потоа Андрих го постави конечниот резултат.

До крајот на сезоната во Бундеслигата има уште три кола во кои Баер им гостува на Ајнтрахт и Бохум, а го пречекува Аугсбург. Последниот пораз во домашното првенство, тимот го претрпе на 27 мај минатата година.