На Дончиќ му пуштија звуци од секс на прес: Се надевам само дека не е во живо (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дониќ, ноќешниот меч на Далас маверикс кај Оклахома сити тандерс (119-110) нема да го памети само по значајниот „брејк3 туку и по необичната ситуација на прес-конференцијата.

Додека разговараше со медиумите, тој остана шокиран кога во позадина слушна женски глас и стенкање кое е вообичаено за време на сексот. Словенецот само ја крена главата во чудење, како и новинарите, по што се насмеа и кажа нешто што уште повеќе ги расположи медиумите.

„Се надевам само дека не е во живо“, доде Дончиќ и „прсна“ од смеење.

Словенецот пред крајот на мечот се судри со навивач на Тандер, а на конференцијата откри и зошто. Причина – му го навредувал семејството. Тој дуелот со Оклахома го заврши со 29 поени, 10 скока и седум асистенции.