„Бомба“ од Саудиска Арабија: Роналдо се враќа во Европа!?

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ова лето би можел да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа, а информацијата ја објави новинарот Алхаза Мутаб.

Новинарот пишува дека Роналдо е голема желба на Баер Леверкузен, кој е вистински хит во Европа оваа сезона и веќе ја освои шампионската титула во Бундеслигата.

Претходно овој новинар пишуваше дека Роналдо би можел да се врати и во Португалија, каде што требаше да го облече дресот на Спортинг Лисабон, но овој пат се појави друг кандидат за потписот на еден од најдобрите играчи во историјата.

Роналдо игра за Ал Наср од 2022 година кога потпиша договор на две ипол години и заработува по 200 милиони евра по сезона.