Леверкузен и официјално стана Неверлузен - падна рекордната серија без пораз!

Баер Леверкузен испиша историја, ја помина Бенфика откако врза 49 натпревари без пораз, со што стана европски сим со најдолга низа без загубен меч.

На минатиот официјален натпревар Леверкузен се изедначи со Бенфика, а со вчерашното реми против Рома од 2-2 креираше нов рекорд.

Голот за изедначување падна во 97. минута. Тоа беше уште една неверојатна завршница на нивен натпревар.