Де Роси: Пред една година добив отказ од второлигашки клуб, сега сум горд на мојот тим!

Рома не успеа да го помине Леверкузен и трета година по ред да се избори за европско финале, мечот во Германија заврши 2-2, клучен беше дуелот на Олимпико кој римјаните го загубија со 2-0.

Даниеле Де Роси успешно го наследи Жозе Мурињо на клупата на Рома иако крајниот исход можеби и нема да биде идеален доколку тимот не успее да избори пласман во Лигата на шампионите.

За Де Роси ова е прво искуство во Серија А, претходно работеше во тимот на СПАЛ од Серија Б каде не помина најдобро.

„Пред само една година добив отказ од италијански клуб во втората лига. Сега можам да бидам горд на мојот тим“, вели Де Роси.

„Одигравме одлични, го оставивме животот на теренот, навистина боли... но јас тука учам секој ден. Честитки за Баер Леверкузен“.