Тежок скандал во Црна Гора: Голман на Будуќност нокаутира свој соиграч (ВИДЕО)

Будуќност и Сутјеска одиграа нерешено во Подгорица, а натпреварот го одбележа тежок инцидент што се случи по завршувањето.

Мечот заврши без победник (2-2) што не му оди во прилог на Будуќност кој е во трка за шампионската титула и на четири кола пред крајот заостанува три бода зад Дечиќ. Тоа не им се допадна на навивачите, имаше тензии по последниот свиреж на судијата а потоа се степаа двајца фудбалери на домашниот тим.

Од се уште непознати причини, голманот на Будуќност, Ѓорѓије Павличиќ се залета и го нокаутира Игор Ивановиќ, а потоа почна да го брка кон соблекувалната и не е исклучено таму да го дотепал.