Незапирливиот Мартин освои пол-позиција во Ле Ман (ВИДЕО)
Шпанецот до стартната позиција стигна со време од 1:29.919, и покрај падот во финишот на квалификациите, а најблиску до него беше Франческо Бањаја, додека трет беше Маверик Вињалес.
It all happened so fast! 🤯@88jorgemartin HAS GONE DOWN AT T4! 💥#FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/oGRFG4HgyG
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 11, 2024
Покрај падовите во финишот и неверојатниот Мартин, квалификациите ги одбележа и раната елиминација на осумкратниот светски шампион Марк Маркез, кој ќе тргне од 13. место.
Спринтот во Ле Ман се вози од 15 часот, додека главната трка е закажана за недела од 14 часот.