Брутален трипл-дабл на Јокиќ, ама Лејкерс се спасија од „метла“ (ВИДЕО)

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс избегна втора „метла“ по ред од Денвер Нагетс откако утринава триумфираа во четвртиот натпревар од серијата до 119-108.

За разлика од претходните два меча во кои имаа водство, па потоа колабираа, сега Леброн и компанија водеа во текот на сите 48 минути и не дозволија противникот да направи пресврт. Меѓу другото, проработе клупата на Лејкерс која претходно беше слаба точка на тимот, а домашните кошаркари успеаја да ги запрат соиграчите на Јокиќ, пред се резервите кои немаа голем ефект и тоа се одрази на резултатот.

Во последната четвртина, Лејкерс водеа и со 19 разлика, Денвер се доближи на -7, но ниту имаше време, ниту сили за целосен пресврт. Јокиќ оствари брутален трипл-дабл со 33 поени, 14 скока и 14 асистенции, Портер заврши со 27 поени и 11 скока, а Мареј додаде 22 поена, но со лош шут од игра (9/23). Кај Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 30 поени, а Дејвис блескаше со 25 поени, 23 скока и 6 асистенции.

Серијата сега се враќа во Денвер каде шампионот треба да ја доврши работата и да се пласира воо конференциското полуфинале

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Кливленд 112-89
Њу Орлеанс - Оклахома 85-106
Мајами - Бостон 84-104
ЛА Лејкерс - Денвер 119-108