Адеми погоди и го круниса Динамо во шампион на Хрватска (ВИДЕО)

Седми пат по ред и 24. во историјата, Динамо Загреб е шампион на Хрватска, а до новата титула стигна на две кола пред крајот на сезоната.

Откако денеска Риека загуби на гостувањето кај Вараждин, на „модрите“ им требаше каква било победа во дуелот со Осиек на домашен терен. До неа стигна со само еден постигнат гол (1-0), а стрелец беше поранешниот македонски репрезентативец, капитен и жива легенда на загрепскиот клуб Аријан Адеми во 73. минута.

За Адеми ова е 13. шампионска титула во хрватското првенство со тимот на Динамо, а покрај него, со трофеј се закити уште еден македонски интернационалец Стефан Ристовски кој ја освои четвртата титула со Динамо и вкупно петта во Хрватска бидејќи една има и со Риека.