Кошаркарите на Пелистер со фантастична победа како гости кај Работнички (86-63) ја отворија полуфиналната плејоф-серија со што веднаш му ја одзедоа предноста на домашен терен на големиот противник.

Битолчани се покажаа како далеку помотивиран и поквалитетен противник, кој од самиот почеток го наметна својот ритам. Зелено-белите водеа од самиот старт, а клучната разлика ја остварија во третиот период кога со серија 18-2 дојдоа до огромни плус 22 (64-42). Сето останато беше само одбрана на тешко стечената предност.

Јуре Планиниќ со 16 и Андреј Маслинко со 15 поени беа најпрецизни кај Пелистер, додека Роберт Рикиќ со 16 поени и седум скока беше најдобар кај Работнички.

Вториот дуел од серијата, која се игра до три победи, пак ќе се игра во СРЦ „Кале“ и тоа најверојатно во вторник.