Крај на сезоната за една од ѕвездите на Баерн Минхен – ќе го пропушти и ЕП 2024!
Тој се повреди пред два дена на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал (1-2), односно беше заменет уште во 27. минута. Баварците наведуваат дека по дополнителните прегледи било утврдено дека германскиот репрезентативец ќе паузира до крајот на сезоната, односно ќе ги пропушти средбите со Волфсбург и Хофенхајм.
Гнабри е на списокот кандидати за дресот на Германија за ЕП, но се истакнува дека фудбалерот на Баерн би можел да го пропушти и континенталниот шампионат доколку не се опорави од повредата. Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.