Барса сега има голема главоболка поради фудбалерот од – милијарда евра!

Челниците на Барселона веќе на големо размислуваат за тимот за следната сезона, а во моментов некако најголеми главоболки им создава крилниот напаѓач, Ансу Фати, кој во договорот има откупна клаузула вредна една милијарда евра, а кој е далеку од формата во која беше кога го потпишуваше.

Тој лани не доби шанса во првиот тим на Барселона, па сезонава ја мина на позајмица во Брајтон, каде што имаше неколку светли моменти, но на крајот и не играше многу во Англија. Во Премиер лигата се појави 17 пати, од кои само на три меча беше во стартниот тим.

Проблемите со повредите го запреа понатамошниот развој на неговата кариера, која беше во нагорна линија. Шпанските медиуми веќе на големо шпекулираат што ќе прават Каталонците со него кога ќе се врати од позајмица на лето. Играта му е лоша, квалитетот под посакуваното ниво, а договор премногу голем за лесно да биде продаден.

Фати има 21 година и за Барселона одигра 112 натпревари, постигна 29 гола и забележа 10 асистенции.