Димитриевски нема вечно да чека на Валенсија, ама сигурно нема да оди во С. Арабија!
Тој полека губи трпение, со оглед што сегашниот договор со Рајо Валјекано му завршува на 30 јуни, но според шпанските медиуми прифатил да почека на Валенсија точно до датумот кога ќе стане слободен агент. Ако управата на овој клуб до тогаш не ги реши внатрешните проблеми со Грузиецот, за кого бараат огромни 30 милиони евра, тогаш тој ќе си побара друга средина, па дури ќе размислу да го обнови договорот со Рајо за нешто помала сума од таа што би ја добил на „Месталја“.
Шпанските медиуми потенцираат дека Димитриевски поради интересот од Валенсија веќе ги одбил Бетис и Севилја, но и дека во моментов имал две исклучително богати понуди од Саудиска Арабија. Но, Македонецот во моментов воопшто не ни размислувал за преселба на Блискиот Исток без разлика на парите, бидејќи смета дека се уште има што да покаже на елитната европска сцена.