Фудбалерите го креваат гласот, се заканија со тужби кон - ФИФА!

Синдикатот на фудбалерите (ФИФпро) и Асоцијацијата на лигите (ВЛА) се закани со тужба до ФИФА поради густиот распоред, бараат да се преиспита одлуката за Светско клупско првенство со 32 тима.

ФИФА за следната година најави одржување на Светско клупско првенство со 32 екипи кое на програмата треба да биде од 15. јуни до 13. јули.

ФИФпро и ВЛА изразија загриженост поради проширувањето на ова натпреварување и со писмо го предупредија првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Во писмото се наведува дека глобалниот фудбалски календар е презаситен и националните лиги не се во можност правилно да ги организираат своите натпреварувања, додека играчите се тераат над своите греници, што предизвикува ризик од зачестени повреди.

Згуснатиот распоред ги загрозува националните лиги и влијае врз здравјето на фудбалерите.

ФИФПро и ВЛА имаат намера своето прашање да го покренат на состанокот на ФИФА кој е закажан за 17. мај во Бангок.

Ако ФИФА одбие да се посвети на решавање на овој проблем, ФИФПро и ВЛА ќе ги советуваат своите членови за нивните опции, вклучувајќи и тужби против ФИФА, се наведува во писмото.