На Ноер за големата грешка во Мадрид виновна му е – тревата на „Сантијаго Бернабе“!

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, кој во 87. минута направи кардинална грешка што доведе до првиот гол на Хоселу и почеток на кам-бекот на Реал Мадрид, најде изговор да ја оправда својата грешка и елиминацијата на германскиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Германската репрезентација, како и Пеп Гвардиола пред неколку недели, се жалеа на теренот, односно тревата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, па во тој стил продолжи и германскиот чувар на мрежата..

„Очекував топката да отскокне на поинаков начин, повеќе кон моите гради. Но, скокна малку повеќе од тоа бидејќи не очекував дека ќе има нерамнина на тревата“, изјави голманот на Баерн.

По натпреварот тренерот Томас Тухел застана во одбрана на својот чувар на мрежата..

„Некој ме праша дали Ноер ќе го одбрани ова во 99 од 100 случаи, но јас велам ќе одбранеше 10.000 пати, а ова беше 10.001. Невозможно е тој да направи таква грешка и тоа токму сега, после првокласниот меч што го одигра. Ако некој заслужи да не му се случи тоа, тоа е Мануел. Знаеме колку работи, го знам неговиот карактер и како се подготвуваше за овој натпревар. Велат сè се случува со причина, но не знам дали ќе ја дознаеме таа причина во следните педесет години. Никој нема да покажува со прст кон него, секако дека тој е најнесреќниот моментално“, изјави Тухел.