Интер го „заклучи“ најдобриот – ќе го направи најплатен Италијанец во Серија А!

Фудбалерот на Интер, Николо Барела, наскоро ќе потпише нов договор со шампионот со што официјално ќе стане најплатен италијански играч во Серија А, пренесува денеска Газета дело Спорт.

Тој пристигна во Интер во 2019 година од Каљари, а во моментов има договор до јуни 2026 година. „Нераѕурите“, сепак, не сакаат да ризикуваат, поради што спортскиот директор, Пјеро Аусилио, изјави дека очекува италијанскиот репрезентативец наскоро да ја продолжи соработката. Според најавите, 27-годишниот Барела ќе го продолжи договорот со Интер до јуни 2029 година, а заедно со бонуси ќе заработува седум милиони евра годишно, што е за два милиони повеќе од тоа што го заработува сега.

Барела сезонава одигра 45 натпревари и постигна два гола, а за италијанската репрезентација досега има настапено на 53 натпревари, на кои девет пати се запиша во листата стрелци.