Редар се обиде да исфрли дете надвор од теренот, а потоа на сцена стапи Стефан Ристовски (ВИДЕО)

Динамо Загреб оствари исклучително важна победа во Вараждин, во борбата за шампионската титула во хрватското првенство, но по мечот се зборува за потегот на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

По завршувањето на натпреварот се случи една исклучително интересна сцена. Едно дете втрча во теренот за да се фотографира со фудбалерите на Динамо, но во тоа го спречи еден редар кој го зеде в раце и сакаше да го изнесе надвор. Детето се прпелкаше во рацете на редарот, но ситуацијата ја забележа Ристовски кој притрча кон нив и го зеде малиот кај себе, а потоа го однесе кај своите соиграчи.

Гестот на Македонецот предизвика еуфорија на трибините, а малото момче доби фотографии за спомен од сите играчи на Динамо.