Браќата на Јокиќ беснеат и во Лос Анџелес

Страхиња и Немања Јокиќ целосно ја уништуваат сликата која љубителите на кошарката ја имаат за нивниот најмлад брат Никола и се уште не се најде никој што ќе им каже дека тоа е неприфатливо.

Откако во текот на оваа недела предизвикаа инцидент на натпревар на домашен терен на Денвер против Лејкерс, синоќа направија уште еден инцидент, овојпат во Лос Анџелес. За волја на вистината не толку тежок, но веројатно никој не им се спротивставил, па останало се на туркање.

Еден од навивачите на Лејкерс на Твитер се пожали дека бил оттурнат од браќата Јокиќ кои биле бесни по поразот на Денвер. Сето тоа се случувало додека ја напуштале арената во Лос Анџелес.