Нов циркус во Кале: Сити Парк Бојс ги построи играчите - имаше и размена на пцовки (ВИДЕО)

Работнички со пораз ја почна полуфиналната серија од плејофот во македонското кошаркарско првенство, а тоа навивачите не го прифатија добро.

По завршувањето на натпреварот, играчите на 15-кратниот шампион мораа повторно да се постројат пред Сити Парк Бојс чии членови им објаснуваа дека тоа не е начин на кој се бранат боите на клубот. Имаше тензија, особено со американскиот интернационалец Квентон Декоси кој не сакаше да премолчи и влезе во вербален дуел со симпатизерите на Работнички.

Летнаа и пцовки, а останатите кошаркари мораа да го смируваат крилниот играч кој натпреварот го заврши без поен, за речиси 22 минути во игра.