Фурние беше незапирлив: Олимпијакос го нокаутира Панатинаикос

Грчкото дерби во Евролигата заврши со победа на Олимпијакос од 94-89 против Панатинаикос, а одличен на теренот беше францускиот кошаркар Еван Фурние.

Олимпијакос имаше одличен почеток на мечот и поведе со 11-1, но Панатинаикос успеа да се стабилизира за момент, но не и да го одржи темпото до полувреме (33-41).

Панатинаикос покажа знаци на живот во третата четвртина кога намали на 49-50, но Олимпијакос веднаш реагираше и ја врати предноста на 57-51.

Големата борба продолжи и во завршницата, кога Панатинаикос го сврте мечот во своја корист (83-82), меѓутоа „црвено-белите“ имаа одговор на тоа и повторно го преземаа водството за да слават со 94-89.

Фурние беше најефикасен кошаркар на теренот со 22 поени, додека Везенков постигна 20 поени. На спротивната страна Кендрик Нан запиша 22 поени за Панатинаикос.

Останати резултати:

Анадолу Ефес – Монако 69-81
Барселона – Басконија 91-68
Асвел – Фенербахче 73-77
Виртус Болоња - Макаби Тел Авив 84-77