ФИБА: Со НБА и Евролигата разговара(в)ме за обединување на кошарката!

После информациите дека најсилната кошаркарска лига НБА со помош на ФИБА ќе ја руши актуелната Евролига, па најдобрите клубови да играат во европска дивизија наречена НБА Европа, светската кошаркарска федерација посочи дека од минатиот месец се разговара за – обединување на кошарката.

ФИБА не демантираше дека учествува во проектот за НБА Европа, но посочи дека повеќе од еден месец се разговара со сите чинители во кошарката и дека овие разговори ќе зачестат цо цел да се заврши сѐ со обединувањето.

„ФИБА потврдува дека после повикот упатен до претседателот и извршниот директор на европската кошарка и акционерите на Евролигата (ЕЦА) се одржа состанок во средината на септември на кој се разговараше за обединување на европската кошарка. Како клучен актер за растот на нашиот спорт и долгогодишен партнер на ФИБА, НБА исто така беше повикана и учествуваше на состанокот. После разговорите сите страни се сложија да одржуваат редовни состаноци во следните месеци“, објави ФИБА.

Шпанска „Марка“ ја објави веста дека Американците со помош на ФИБА планираат да создадат врвно натпреварување во Европа и да го искористат незадоволството на дел од клубовите, кои отворија фронт со Жозеп Марија Бартомеу, незадоволни од слабата распределба на парите и малите награди.