Фенер прокоцка плус 22, Олимпијакос со звукот на сирената го среди Макаби (ВИДЕО)

Неверојатен меч се одигра во Истанбул, каде што домашниот тим Фенербахче загуби на сензационален начин од Наерн Минхен (71-75) и тоа откако имаше предност од 22 поени уште во првата четвртина (27-5).

Турскиот тим почна фуриозно и најава можна катастрофа за гостите од Германија, што и беше сосема реално сценарио со оглед на резултатот на полувремето (45-25). Но, Баварците заиграа фантастично во одбраната и полека, но сигурно почнаа да ја топат предноста на Фенер, за на крајот дури и да дојдат до триумф. Владимир Лучиќ со 18 поени беше најпрецизен кај Баерн Минхен, додека Јан Весели со 25 поени и осум скока беше најдобар кај домаќинот.

Драматично беше и во Атина, каде што црвено-белите од Пиреј го совлада Макаби Тел Авив (85-82) со тројцата на Арон Харисон со звукот на сирената. Претходно, Алба Берлин дојде до прв триумф по две децении против ЦСКА и тоа среде Москва (93-88).