Евролигата за пет дена ќе донесе конечна одлука за сезонава

Кошаркарската Евролига на 25 мај ќе донесе одлука што понатаму со сезоната која се прекина поради пандемијата со коронавирус, а завршниот збор ќе го имаат клубовите – постојани учесници.

Иако најголем дел од кошаркарските сезони практично се прекинаа и нема да се доигруваат, постоеше надеж дека Евролигата, како и Еврокупот да се играат на неутрален терен, се споменуваа Белград, Атина, Москва, Каунас како потенцијални дестинации, но...

Според информациите на шпански „АС“, 11-те клуба кои имаат А-лиценца и се постојани учесници на видео-конференција за пет дена ќе донесат одлука дали ќе се продолжи сезоната или ќе се отсвити предвремен крај и Европа нема да добие континентален владетел.

После тоа, Собранието на Евролигата во која има 18 членови само формално ќе ја верификуваат истата.