Димитријевиќ една година на заем во руски Уникс Казан!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец е нов член на руски Уникс Казан, откако денеска и официјално беше промовиран како засилување на тимот и македонскиот плејмејкер доаѓа на едногодишен заем од шпанска Валенсија.

Тоа што се најавуваше дека Димитриевиќ ќе дојде во Русија се оствари и тој сега ќе игра на едногодишен заем до крајот на новата сезона.

За него беше заинтересирана и Сарагоса, како и белградска Црвена Звезда, но на крај доаѓа во Русија и сега ќе има македонско дерби во силната ВТБ-лига, откако Емил Рајковиќ стана прв тренер на великанот и гигант ЦСКА Москва.

Димитриевиќ лани се пресели во Валенсија, а претходно пет години беше дел од Хувентуд Бадалона.