Македонско дерби за титула во ВТБ-лигата - Рајковиќ против Димитријевиќ!?

Еден од најдобрите руски екипи, тимот на УНИКС, испратил официјална понуда до Валенсија за ангажман на македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, пишува денеска најдобро информираниот европски кошаркарски новинар, Лука Д'Алесандро.

Самиот тој пишува дека до овој трансфер тешко може да дојде бидејќи шпанскиот тим веќе објавил дека нема намера да ги пушти на позајмица, а тешко е да се поверува дека составот од Казан би го откупил неговиот договор потпишан пред почетокот на минатата сезона. Но, ако до ова, сепак, дојде, тоа би било идеална шанса за македонско дерби за титула во регионалната ВТБ-лига, со оглед што од неодамна тренер на ЦСКА Москва е нашиот Емил Рајковиќ.

Димитријевиќ летово е ептен баран кошаркар, со оглед што за неговите услуги интерес искажаа уште и Сарагоса и Црвена Звезда.