Црвена Звезда ги изненади сите - ќе гради нова арена со 15 илјади места

Кон средината на април Евролига би можела да донесе одлука во врска со иднината на Партизан и Црвена Звезда во елитното натпреварување.

Двата клуба поднесоа барање за долгорочна лиценца за учество во Евролигата и пред челниците на оваа организација ги претставија своите аргументи. Српските медиуми денеска објавуваат дека претставниците на Црвена Звезда приредиле изненадување за својот голем ривал со тоа што најавиле изградба на нова Арена, со капацитет од 15 илјади места.

Локацијата на која ќе се гради новиот објект не е позната, како ни времетрањето на изградба, но аргументот на Звезда е дека тоа со тоа има предност пред Партизан бидејќи нема да мора да ја дели белградската Арена со својот конкурент. АБА само уште идната сезона има директно место во Евролигата, а потоа тешко дека Партизан и Црвена Звезда ќе можат заедно да учествуваат во ова натпреварување.