Ц. Звезда загуби од Валенсија, Фенербахче реди победи во Евролигата

Вечерва беа одиграни неколку натпревари во Евролигата, а тимот на Фенербахче беше одличен против Панатинаикос (100-74), додека Црвена Звезда загуби од Валенсија со 71-91.

Фенербахче одигра фантастичен меч и уште на самиот почеток покажа дека е фаворит за победата. Турскиот тим ја доби првата четвртина со 31-12, а на полувреме замина со 48-34. Во второто полувреме грчкиот клуб не успеа да направи ништо посериозно, па на крајот мораше да го прифати поразот.

Гудуриќ беше најефикасен во победата на Фенербахче и постигна 18 поени.

Ц. Звезда даде отпор против Валенсија, но само во првото полувреме, кое го загуби со 42-49, по што шпанскиот тим доминираше до крајот на дуелот и славеше со 20 поени разлика (91-71).

Останати резултати:

ЦСКА Москва – Барселона 75-88
Зенит – Жалгирис 77-65
Баерн – Реал Мадрид 76-81
Олимпијакос – Лион 63-69