Ц. Звезда и Партизан добија покани од Евролига, постои еден услов за да учествуваат!
Поканата од Евролигата стигна во Белград, а условот за да учествуваат е да платат по милион евра.
750.000 евра од тие се за специјалната покана која ја добиваат, а 250.000 евра се трошоци за судиите во текот на сезоната.
Црвена звезда и Партизан од поодамна знаеа за сумата која ќе треба да ја платат, па се верува дека условите се прифатливи за нив и двата тима ќе го продолжат учеството во Евролигата.
Досега се знае дека следната сезона во Евролигата ќе играат Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатенаикос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Асвел, Париз, Монако, Макаби, Жалгирис, Баерн и Милано, остауваат уште четири места, две од нив треба да пополнат Звезда и Партизан.